Македонија
9. April 2020 - 12:17

Едно лице позитивно на корона во дом за стари лица во Битола

85-годишно лице кое било сместено во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола е позитивно на коронавирус. На 2 април, тој бил примен во Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола со симптоми на покачена телесна температура и кашлица. Земен му бил брис за докажување Ковид 19, а на 4 април е резултатите покажале дека е позитивен.

Од битолската болница велат дека пациентот моментално се наоѓа во добра состојба и е стабилен.

Веднаш откако е добиен позитивниот резултат, земени се брисеви и од лежечките болни кои се наоѓале заедо во истата соба со него, додека вработените кои биле во контакт со него се ставени во доашна изолација. Од страна на епидемиолошката служба се преземени мерки, односно извршена е целосна дезинфекција на Домот за стари лица. Инаку, според Министерството за здравство, пациентот бил примен на 18 март во старскиот дом, една недела претходно откако појавил симптоми на Ковид 19.

Во домот за стари лица им 154 штитеници, 34 вработени, од кои осум се во изолација, а оттаму велат дека извршена е реорганизација на работењето.