Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Скопје
Во текот на изминатиот ден (20.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и пет со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 57 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: четири затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници.
Исто така исклучени од сообраќај се и шест возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување во зона на кратосница, четворица поради неносење пропишана зимска опрема, осум возачи поради неносење сигурносен појас и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило.
Во однос на пешаците санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило „пајак“.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени