Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев
Едно лице загина денеска, а четири се повредени во напад на руски дронови врз областа на Киев, главниот град на Украина, соопштија локалните власти.
- Едно лице загина, а четири се повредени во непријателски воздушен напад врз регионот на Киев, изјави Микола Калашник, вршител на должноста гувернер на регионот.
Жртвата, возач на камион, била смртно погодена од фрагменти од дрон соборен од украинската противвоздушна одбрана, додава Калашник.
Во другите региони, четири лица се повредени кога делови од дрон паднале врз куќа, рече гувернерот.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, Русија во текот на ноќта истрелала вкупно 93 дронови. Тие информираа дека биле соборени 60 јуришни беспилотни летала.
Остатоци од дронови паднале и на некои делови на Киев, нема повредени, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР