Свет
27. јуни 2021 - 17:54

Едно лице загина во голем пожар во Мармарис

Едно лице загина денеска при гаснењето шумски пожари во турската провинција Мугла.

Загинатиот е вработен во Турската дирекција за шумарство, пренесува агенцијата Анадолија.

Пожарот изби во шумата во близина на хотел во турското одморалиште Мармарис.

Голем број на пожарникари, како и шест хеликоптери, булдожери и цистерни за вода се борат против пожарот, кој постојано се шири со помош на ветерот.