-->
-->
Едномесечна пауза за Пандев
-->

Горан Пандев најмалку еден месец ќе отсуствува од тимот на Џенова, поради повредата со која се здоби на првенствениот натпревар со Фросиноне.
Џенова во 31. коло во Серија А славеше над Фросиноне со 4:0, а Пандев поради повреда побара замена по само 20 минути игра.
Лекарските прегледи покажале дека тој има сериозна повреда на мускулот на левата нога, поради што најмалку еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени.
Повредата доаѓа во незгодно време за Пандев, кој во изминатите неколку натпревари најави дека се враќа во препознатливата форма. На последните три средби, иако не постигна гол, беше еден од најдобрите играчи на Џенова, а одигра и два добри натпревара за Македонија, иако „црвено жолтите“ загубија од Словенија и Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
