Едукативни работилници за пештерите во Македонија
Во Зоолошката градина во Скопје денеска почнува серијата интерактивни едукативни работилници за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата.
Работилниците „Во светот на пештерите“ се за ученици од 5 до 7 одделение, а ги организираат ЦМА КРИК и Истражувачко друштво Урсус Спелеос Скопје во соработка со Зоолошката градина и Македонското еколошко друштво во период април - мај 2016 година.
Целта е младите да научат повеќе за убавините на пештерите во Македонија, да се мотивираат и да се поттикнат на истражување на подземните убавини, како и да стекнат нови, здрави навики.
На првата работилница, денеска попладне, воведно предавање за спелеологијата и пештерите ќе одржи Билјана Гичевски од Истражувачкото друштво Урсус Спелеос. Втората работилница е најавена за 23 април и на неа ќе стане збор за животните и лилјаците. Предавач ќе биде гостин од Македонското еколошко друштво. Третата, на 7 мај, ќе биде ликовна - ќе се цртаат пештери, а на четвртата, на 14 мај, ќе се прават пештерски украси од глина.
Циклусот завршува со изложба чие одржување ќе биде дополнително закажано.
Работилниците се бесплатни и базираат на техники на неформалното образование. Вклучуваат работа во групи, креативни методи,...
За да се добие сертификат, потребно е да се учествува на најмалку едно предавање и на една работилница.
Ново на Сител
-
Пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф
-
Одземени десет возила поради предизвикување голема бучава и диви трки во Скопје | ФОТО
-
Изграден нов дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово
-
Два случаи на семејно насилство пријавени во Скопје
-
Никој нема да биде поштеден и за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово, порача Мицкоски
-
МЗ: Пациент испишан од Љубљана, во странство остануваат да се лекуваат 68 лица
-
Со возило „Опел“ удрен 50-годишник на велосипед од Прилеп
-
Платата на просветните работници со раст од седум отсто, најави Мицкоски