Фудбал
29. August 2016 - 10:44

Ефикасно во Серија А

Четири тима имаат максимален ефект по првите две кола во итслијанската Серија А. Покрај шампионот Јувентус, по шест бода имаат уште Сасуоло, Сампдорија и Џенова.
 
Џенова, со пресврт, победи кај Кротоне (1-3), а репрезентативецот на Македонија, Горан Пандев, триумфот на својот тим го следеше од клупата за резерви.
 
Палермо, одигра 1-1 против Интер во Милано. Напаѓачот Илија Несторовски играше до 76-та минута, додека вториот Македонец во Палермо, Александар Трајковски поради повреда не е беше во составот.
 
Резултати, 2.коло Серија А:
 
Интер-Палермо 1:1
 
Каљари-Рома 2:2
 
Кротоне-Џенова 1:3
 
Фиорентина-Киево 1:0
 
Сампдорија-Аталанта 2:1
 
Сасуоло-Пескара 2:1
 
Торино-Болоња 5:1
 
Удинезе-Емполи 2:0
 
Лацио-Јувентус 0:1
 
Наполи-Милан 4:2
 
Табела: Џенова 6, Саусоло 6, Јувентус 6, Сампдорија 6, Рома 4, Наполи 4...