ЕК бара од косовската Влада да ја намали бројката од 74 заменици министри
Европската комисија побарала од Владата на Косово да постави ограничување за бројот на заменици министри, или со нацрт-законот за функционирањето на државната администрација и независните агенции, или со оној за Владата, објави денеска „Коха Диторе“.
Повикот произлегол од заедничките заклучоци на Посебната група за реформи во јавната администрација, објавени во вторникот, по средбата одржана на крајот на април, јави дописникот на МИА од Приштина.
Европската комисија нагласува дека политичкото влијание при именувањето и разрешувањето продолжува да претставува загрижувачки проблем.
- Страните се согласни дека правилникот за именување високи цивилни службеници треба да се преразгледа веднаш со помошта на експерти, со цел да се обезбеди целосно почитување на принципот на заслуги и да се усвои од Владата до 17 септември 2018 година, се вели во заклучокот.
Владата на Рамуш Харадинај има вкупно 74 заменици министри, односно по пет, па и повеќе заменици во едно министерство.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип