ЕК ги осуди заканите на Ердоган упатени до Грција

Портпаролот на Европскаткомисија, Петер Стано, ја повика Турција да се воздржи од реторика на ескалација кон соседна Грција, јави дописничката на МИА од Брисел.
Тој одговарајќи на новинарско прашање, по изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека Грција „ќе плати висока цена„ ако се приближи до турската морска граница, портпаролот за надворешна политика, Петер Стано, ја осуди Анкара.
– Овие непријателски изјави се извор на многу сериозна загриженост, ставот на ЕУ останува многу јасен, очекуваме Турција да се воздржи од реторика на ескалација и да се посвети на добрососедски односи, рече Стано. Ердоган ја предупреди Грција да не се приближува до Турција во Егејско Море и да не ги вознемирува турските бродови, затоа што во спротивно ќе плати висока цена. Изјавата доаѓа во контекст на големи тензии меѓу Грција и Турција околу морските граници и Кипар.
Портпаролот Стано побара од Турција да ги реши проблемите преку дијалог, во дух на соработка и со почитување на меѓународното право.
– Грција е земја-членка на ЕУ и суверенитетот и интегритетот на земјите членки на ЕУ мора да се почитува, рече Стано.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
