ЕК и додели три милијарди евра за миграциската криза во Турција

Европската комисија денеска и одобри три милијарди евра на Турција за борба со миграциската криза, се наведува во соопштението на ЕК.
Средствата ќе и бидат доделени на Турција од 1 јануари 2016 година, се посочува во соопштението.
- Во борбата со миграциската криза апсолутно очигледно е дека Европската унија и Турција треба да ја интензивираат билатералната соработка. Ние треба да работиме заедно на реализација на планот за дејствување, кој ќе воведе ред во миграциските бранови и ќе помогне за запирање на илегалната миграција, изјави заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс.
Планот предвидува Турција да биде финансирана од ЕУ за бегалските кампови на нејзина територија, како и да се забрзаат преговорите за укинување на визите за турските граѓани. Турција инсистира со планот да бидат продлабочени преговорите за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
