ЕК: Кина има потенцијал да влијае врз Русија за прекин на војната
Портпаролот за надворешна политика во Европската Комисија, Петер Стано, потврди дека Европската Унија не ја исклучува Кина за притисок врз Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Велиме дека Кина е клучна за притисок врз Русија да ја прекине агресијата и овој напад без преседан, Кина има потенцијал да комуницира со Москва и би сакале Кина да го искористи своето влијание за да притисне за прекин на огнот, изјави Стано на денешниот брифинг за новинари во Европската Комисија.
За Европската Унија е важно што Кина не беше меѓу петте држави кои гласаа против резолуцијата во Обединетите Нации за осуда на руската агресија врз Украина. Кина гласаше воздржано, што остава простор за надеж во ЕУ.
-Тоа покажува дека Кина не е меѓу изолираните земји кои беа против резолуцијата, и тоа е причина за нас да го зголемиме нашиот ангажман, рече портпаролот.
Борел останува во контакт со кинескиот министер за надворешни работи, рече Петер Стано.
Кина од своја страна неодамна порача дека нејзините односи со Русија се многу цврсти.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес