ЕК одблиску ги следи разговорите за датум за избори
Европската Комисија (ЕК) одблиску ги следи разговорите помеѓу политичките партии за одредување датум за парламентарните избори.
– Од блиску ги следиме разговорите во Скопје помеѓу политичките лидери. Разговорите треба да продолжат за земјата да може да организира избори и да се справи целосно со последиците од кризата со Ковид-19, рече на прашање на МИА, портпаролката на Европската Комисија за проширувањето, Ана Писонеро.
Извори во институциите на ЕУ за МИА велат дека неизвесноста околу изборите би можела да влијае и врз објавувањето на преговарачката рамка, која официјално се очекува во текот на идниот месец. Овие документи би можеле да се одложат до септември, посебно доколку има било каков застој во Скопје и Тирана.
Според повеќе дипломатски извори, сѐ поизвесно станува и дека редовните извештаи за напредокот на земјите од регионот ќе бидат одложени за наесен, иако официјална потврда ЕК за сега одбива да даде.
Останува прашањето дали преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија сепак би биле објавени во јуни. Извештаите и рамките не мораат да бидат објавени во исто време.
Ново на Сител
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок
-
Американскиот суд го ослободи Асанж по спогодбата за признавање вина
-
Русија и Украина разменија по 90 затвореници
-
Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер