ЕК планира тужби против членките на ЕУ што нема да ги спроведуваат мерките за намалување на бирократијата
Европската комисија планира да преземе правни мерки против земјите членки на ЕУ кои нема да ги спроведуваат правилата и политиките за намалување на бирократските процедури и регулаторниот товар за компаниите, што ќе бидат договорени на ниво на блокот.
Ваквиот план за покренување „прекршочни постапки“ против „непослушните“ земји членки се содржи во документот насловен „Поедноставна и побрза Европа“.
„Прекршочните постапки“ се инструмент врз основа на кои ЕК ги тужи членките на Унијата пред Европскиот суд на правдата поради непочитување на легислативата на ЕУ, откако претходно ќе бидат искористени сите други правни механизми. Во моментов во тек се околу 1500 вакви постапки покренати од Еврокомисијата.
– Комисијата ќе им даде приоритет на прекршувањата со најголемо влијание врз интересите на луѓето и бизнисите. . . и нема да се двоуми да го упати случајот пред Судот на правдата на Европската Унија, барајќи финансиски санкции таму каде што тоа е законски можно, се наведува во документот во кој увид имал бриселскиот портал „Еурактив“.
Во документот, исто така, се наведува дека Комисијата ќе побара од земјите членки да и достават „проактивни измени“ на нивните стратегии за намалување на бирократијата, како надополнување на дерегулаторниот Патоказ за имплементација или на нејзиниот Акциски план за ова прашање.
Во документот се предвидува и секој еврокомесар два пати годишно да одржува „дијалози со клучните страни засегнати од политиките на ЕУ“, како бизнисите и невладините организации, со цел да се обезбеди што е можно поголема усогласеност на земјите членки со европското законодавство и да се утврдат дополнителни можности за поедноставување и намалување на административниот товар.
Информациите за ваквиот документ доаѓаат во време кога ЕУ е под засилен притисок за скратување и поедноставување на административните процедури за компаниите, со цел да се зајакне економија на блокот и да се спречи нејзино заостанување зад Кина и САД.
Во рамки на „Компасот за конкурентност“ што Еврокомисијата го промовираше вчера, меѓу другото, се предвидува и план за „намалување на бирократијата на ЕУ во досега невидени размери“, со цел рационализација на регулативите, скратување на бирократските процедури и зголемување на флексибилноста.
– Враќањето на конкурентноста на Европа бара да се отиде многу подалеку од досега во намалувањето на бирократијата.
Сите европски, национални и локални институции мора да вложат напори без преседан, за да ги поедностават правила и да ги забрзаат административните процедури, се наведува во документот.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси