ЕК: Постојаните гранични контроли би чинеле од пет до 18 милијарди евра годишно
Европската комисија проценува дека повторното воведување на постојани контроли на границите во Шенген зоната би можело да чини од пет до 18 милијарди евра годишно.
Некои држави во ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, времено ги зајакнаа граничните контроли поради големиот прилив на бегалци и мигранти кои бараат азил во оваа земја, бегајќи од војна и сиромаштија.
Во соопштението на ЕК се наведува дека тоа би влијаело на поскапување на патниот сообраќај, на одложување и контрола на повеќе од милијарда прекугранични патувања секоја година, како и на административни и царински трошоци.
Проценката на трошоците не го опфатила влијанието врз туризмот, обемот на трговија, промените во производството и евентуалното слабеење на заедничкиот визен систем во ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови