ЕК сака да ја заштити конкуренцијата на пазарот на мрежни уреди
Европската комисија денеска најави истрага за пазарот на мрежни уреди, сомневајќи се дека пристапот до големи количини на податоци за потрошувачите им дава на гигантите како Гугл и Амазон нечесна предност во однос на конкуренцијата.
„Уредите поврзани преку Интернет стануваат се поважни во животот на граѓаните на ЕУ“, се вели во соопштението на ЕК, фокусирајќи се на конкуренцијата меѓу производителите на гласовни секретарки, рачни часовници, фитнес опрема, уреди за домаќинство и уреди за осветлување со далечинско управување.
– Пристапот до големи количини на податоци се чини дека е клучен фактор за успех во овој сектор, рече потпретседателката на ЕК, Маргарет Вестагер.
Во овој сектор доминираат дигиталните и технолошките гиганти Амазон, Гугл и Ејпл.
– Големите компании располагаат со големи количини на податоци за однесувањето на потрошувачите и ако ги злоупотребат, многу брзо можеме да ја преминеме линијата што ја одделува конкуренцијата од монополите, рече Вестагер на прес-конференција во Брисел.
Истрагата треба да и помогне на Комисијата да ги предвиди проблемите што можат да се појават во иднина.
Во наредните месеци, ЕК ќе контактира со 400 компании, а истрагата нема да вклучува мрежни автомобили.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
