ЕК: Шест држави од Шенген почнаа да вршат гранични проверки

Норвешка, Шведска, Австрија, Германија и Франција ги вратија граничните проверки во рамки на Шенген зоната, а од денеска тоа ќе го прави и Данска, на прес конференција соопшти портпаролот на Европската комисија, Тове Ернст.
Таа појасни дека првите пет посочени држави неодамна на ЕК и ги соопштиле своите намери и причини за ваквата постапка. Комисијата зсега нема потреба од дополнителни информации од нив за ова прашање. ЕК денеска го добила писмото од Копенхаген и сега и претстои оценка на ставот. Ернст прецизира дека Данска има намера да врши проверки на границата до 14 јануари.
Европското законодавство предвидува неколку можности за обновување на граничната контрола во Шенген при предвидливи или вонредни околности. Во секој случај на обновување на контролата на границите, ЕК треба да биде информирана и има право да процени дали оваа мерка е неопходна и соодветна.
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
