ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО

Европската комисија вчера предупреди дека безбедносните интереси никогаш не треба да се користат како изговор за анексија на Гренланд, автономен регион на Кралството Данска, чија влада предупредува дека преземањето на островот од страна на САД би значело крај на НАТО.
„Сакаме да ги потсетиме сите дека Гренланд е сојузник на САД и е под заштита на НАТО“, изјави портпаролката на Комисијата, Паула Пињо.
Портпаролката на Комисијата за надворешна политика, Анита Хипер, изјави дека ЕУ очекува нејзините партнери да ги почитуваат принципите на суверенитет и територијален интегритет.
„ЕУ ќе продолжи да ги брани принципите на национален суверенитет, територијален интегритет и неповредливост на границите“, изјави Хипер. „Ова особено важи за случаи кога територијалниот интегритет на земја-членка на ЕУ е доведен во прашање“, додаде таа.
Данската премиерка Мете Фредриксен изјави за данската телевизија дека Трамп треба да се сфати сериозно и истакна дека ако САД нападнат друга членка на НАТО, тоа би значело крај на тој воено-политички сојуз.
„Сакам јасно да кажам дека ако САД одлучат воено да нападнат друга земја од НАТО, тогаш сè запира, вклучително и НАТО, а со тоа и безбедноста што е воспоставена од крајот на Втората светска војна“, рече таа.
Гренланд е богат со суровини и поради својата локација е исклучително важен како база за воена контрола на Арктикот.
„Ни треба Гренланд од причини поврзани со националната безбедност“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во неделата. Тој додаде дека островот има големо стратешко значење и дека во моментов е опкружен со руски и кинески бродови, и дека Данска не може да ја гарантира неговата безбедност.
„Дали знаете што направи Данска неодамна за да ја зајакне безбедноста на Гренланд? Тие додадоа уште една санка за кучиња“, рече Трамп подбивно.
МИА
Ново на Сител
-

Возач од Гевгелија фатен со речиси двојно поголема брзина од дозволената
-

Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
-

Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
-

Православните денес ја слават Света великомаченица Марина – позната како Огнена Марија
-

Во Собранието последна седница за пратенички прашања пред годишните одмори
-

Американската армија соопшти дека извела нови воздушни напади врз Иран
