ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
Србија и Косово треба конструктивно да се вклучат во нормализирање на односите за да добијат право на финансирање од Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската унија, соопшти прес-службата на Европската комисија, пренесе Бета.
„Нормализацијата на односите е суштински услов на европскиот пат за двете страни. И Србија и Косово ризикуваат да изгубат важна можност поради недостаток на напредок“, рече еден од портпаролите на Европската комисија за РСЕ.
Во писмената реакција од прес-службата на Европската комисија, се наведува дека конструктивниот ангажман во нормализацијата на односите подразбира целосно спроведување на сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс за спроведување и од сите претходни договори од бриселскиот дијалог, како и почеток на преговорите за Сеопфатниот договор за нормализација на односите.
ЕК наведува дека Планот за раст за Западен Балкан претставува „сеопфатна понуда на ЕУ за подобрување на социо-економската ситуација“ на шесторкста од тој регион.
За Србија и Косово, исто така, постои предуслов - „конструктивен ангажман за нормализација на односите со цел целосно спроведување на сите обврски“ кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс од Охрид, како и од сите досегашни постигнати договори. во бриселскиот дијалог.
Ново на Сител
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
