Свет
23. јуни 2016 - 13:18

ЕК воздржана во однос на британскиот референдум

Европската комисија соопшти дека се воздржува од секаков коментар за референдум што денеска се одржува во Велика Британија.

- Единствени кои денеска имаат збор се Британците, изјави претставник на Еврокомисијата.

Тој додаде дека претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер за референдумот разговарал со италијанскиот премиер Матео Ренци и со германската канцеларка Ангела Меркел, а утре му претстои средба и со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Се очекува институциите на ЕУ да го изнесат својот првичен официјален став за реферндунот утре попладне, по објавувањето на резултатите од гласањето.

За тогаш е закажана и средба на претседателите на ЕК, на Европскиот совет и на Европскиот парламент со холандското претседателство на Унијата.

Јункер вчера предупреди дека на Велика Британија не и следуваат повеќе никакви привилегии ако реши да излезе од ЕУ.

- Надвор значи надвор, нагласи Јункер.