Македонија
12. January 2025 - 16:40

Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата

ЈП Македонија пат соопшти дека во текот на целиот ден го расчистува снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржува сите патни правци проодни.
 
-По интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Исто така, во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се компании кои соработуваат со ЈП Македонијапат, како  навремено би се справиле со снежните наноси, информира јавното претпријатие. 
 
Оттаму апелираа до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

патишта проодни 

 -Информираме дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови и затоа препораките се да се следи временската состојба, посебно оние граѓани кои планираат да патуваат за навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на патиштата. Сите детални информации учесниците во сообраќајот може да ги добијат од дежурните служби на ЈП Македонија пат на телефонот 02 25 61 502, информира јавното претпријатие.

Во текот на денот се воведуваат забрани за сообраќај на тешки товарни возила на некои патни правци и планински превои. 

Од 14:30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан. ЈП Македонијапат претходно соопшти дека се воведени забрани за камиони од превентивни причини на патните правци Гостивар - Маврово - Дебар, Гостивар - Стража - Кичево, на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, на патот Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

ЈП Македонијапат информираше дека пуштен за сообраќај за товарни возила е патот Деве Баир – Крива Паланка. Исто така, попладнево е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона на ГП Делчево кон Бугарија, а од 15 часот е укината и забраната за камиони на патниот правец Делчево – ГП Делчево.