Еколошка акција за рециклирање стара облека

Здружението за еднородителски семејства „Една може“ од Скопје денеска почнува со спроведување на проектот „One made - handmade“.
Од Здружението ги повикуваат сите кои имаат вишок облека, платна и најразлични видови материјали да ги донираат во нивните простории, на улицата „Народен фронт“ бр. 5, од 15 до 20 часот. Најавуваат дека ќе направат корисни дизајнерски парчиња кои ќе ги понудат во иднина.
- Мас-потрошувачкото општество не притиска да трошиме и кога не треба, а со тоа да произведуваме отпад кој е штетен за целата планета. Ние решивме да сме еколошки одговорни и да возвратиме со рециклирање и пренамена на веќе постоечки производи во вид на облека и алишта кои ни здодеале. Ќе создаваме неодоливи парчиња кои ќе имаат специјално место во вашите плакари, соопшти Здружението „Една може“.
Ново на Сител
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
