Економијата на Америка е во налоша ситуација со исклучок на сите останати
На 28 септември, претседателот на Бразил, Дилма Русеф, со говор го отвори Генералното заседание на ОН во Њујорк, на кое во сала со 1898 места се појавија само 200 лидери. Само што најважните изјави во последните две недели - најзначајни, најактуелни и важни за целиот свет - прозвучеа не во Њујорк, туку во Масачусетс и Висконсин, и тие беа не 200, туку две. Првото беше на претседателот на Централната банка на САД, Џенет Јелин на Универзитетот на Масачусетс во Емхрст, на 24 септември. Второто беше на претседателот на чикашките Федерални резерви, Чарлз Еван, на Универзитетот во Маркет, на 28 септември.
Говорот на Јелин во Масачусетс ја одбележа неделата, откако Комитетот за слободен пазар на централната банка на САД реши да не ги покачува каматните стапки од нула. Изборот беше предодреден од големиот и неочекуван потрес во кинеската економија. Само за еден ден во август, индексот на Шангајската финансиска берза изгуби 8,5 проценти, што беше најголемиот пад од почетокот на финансиската криза во 2007 година. Тоа потсети дека економските потреси немаат потреба од виза за да минуваат граници.
Сегашните економски проблеми на Кина се последица на реакцијата на Пекинг на светската финансиска криза 2007-2008 година. Тоа многу добро го опишаа Анат Адмати и Мартин Хелунг во исклучителната книга „Новите рува на банкарите“.
- До 2007, банкарските кризи беа ограничени по обем и повеќето од нив не излегуваа од националните граници. Ефектот на „заразување“ не беше силен. На пример: Европа не ја почувствува кризата на таканаречените каси за штедење во САД. Кризите во 1992 година во Финска и Шведска во пракса не ги почуствува никој надвор од границите на тие држави. Јапонската криза, која беше најголемата во 90-ите години од минатиот век, и по обемот на првичните загуби не се разликуваше од кризата со хипотекарното кредитирање во САД, и не покажа силно влијание ниту во Америка, ниту во Европа.
Некои кризи, како азиската банкарска криза од 1996-1998, сепак ги минаа националните граници, затоа што локалните банки земале кредити од други држави. Но во целина, трансграничниот ефект на тие кризи се сведуваше на непосредна штета за странските кредитори. За разлика од нив, падот на пазарот за недвижен имот и хипотеки во САД, кој започна во 2006 година, доведе до вистинска светска финансиска криза.
Како одговор на таа глобална финансиска криза, Кина започна активно да финансира прифаќајки ја таа варијанта како лек за намалување на обемот на извозот и така во земјата започнаа да се трупаат долговите, особено на регионално ниво. Тој чекор делуваше извесно време, но со текот на времето стана тежок за прилагодување. „Пред неколку години, за секој долар раст во Кина излегуваше долар. Сега одат четири пати повеќе“, коментира Рана Форухар во Тајм. Ако економската ситуација во втората по големина економија во светот се влоши, тоа несомнено ќе покаже негативни повратни дејства врз светската економија, вклучително и на тоа како и кога централната банка ќе реши да ги покачи каматите.
На прес-конференција по заседанието за паричната политика во септември, кога банката реши да не ги подигне каматите, Јелин изрази најголема вознемиреност поврзана си Кина. „Ние, како и повеќето аналитичари, одамна чекаме извесно забавување на растот во Кина при пребалансирањето на економијата. Тие тоа го планирале и во тоа, ми се чини, нема никакво изненадување. Прашањето е има ли ризик од понагол пад отколку што го прогнозираат аналитичарите. Случувањата на кои бевме сведоци на финансиските пазари во август, според мене директно ги одразуваат опасностите што во Кина постои опасност од пад на економијата и веројатен сомнеж дека политичките раководители успеваат да ги решат тие проблеми“.
Во обраќањето на Универзитетот на Масачусетс во Амхерст, Јелин повторно ја објасни суштината на тие проблеми, и рече: „Најновите економски и финансиски случувања во светот на прв план ја исфрлаат опасноста од тоа што падот на темпата на раст може дполнително да извршат притисок врз економската активност на САД“. Комитетот на отворениот пазар на централната банка на САД многу внимателно ги следи овие прашања, рече Јелин, и потенцираше: „Во моментов не очекуваме последиците од неодамнешните случуања во американската економија да се покажат доволно сериозни и суштински за да влијаат на нашата политика. Неочекуваниот потрес во кинеската економија ја принуди централната банка на САД во септември да ги остави без промена каматите, но има шанса да бидат подигнати до крајот на годината“.
- Очекувам дека најверојатно до крајот на годината ќе биде оправдано да бидат подигнати целите за каматите за федералните фондови, рече во заклучокот Јелин.
Обраќањето на шефот на чикашките Федерални резерви Чарлс Еванс во Висконсин, всушност беше како студен туш за хипотезата за покачување на каматите во 2015 година. „Пред да се покачат каматите, јас би сакал да имам повеќе потврди отколку што имам денес, дека инфлацијата ефикасно почна да се покачува“. Всушност, во петокот објавените цифри за вработеноста, кои беа пониски од очекуваните, заедно со очекуваната инфлација, веќе натераа и други луѓе да помислат дека покачувањето на каматите ќе стане факт поверојатно во 2016 година, а не на крајот на 2015. Еванс отиде уште подалеку излагајќи го следново сценарио: „Неправилно сме ја оцениле моќта на економијата и показателот за растот на инфлацијата. За да ја вратиме економијата во правилна насока, повторно ќе ни се наложи да ги намалиме каматите до нулата, па дури и да прибегнеме кон нетрадиционалните механизми, како што е квантитативното олеснување (или откупување на државниот долг).
Таквата нетрадиционална парична политика крие многу проблеми. Еден од нив е како квантитативното олеснување се одразува врз други држави. Ако Управата на федералните резерви ги зачува каматите на нула ниво (или ги врати на нула по кратко покачување) со тоа се создава голема несигурност дали ќе има или не дополнителни мерки за квантитативно олеснување и кога ќе бидат покачени каматите. Сето тоа ќе влијае врз нововозникнатите пазарни економии. Покрај тоа, ако бидат покачени каматите, тоа може да доведе до потреси кај нововозникнатите пазари затоа што тоа ќе го сопре протокот на странски инвестиции кои се појавуваа на тие пазари при претходните етапи на квантитативно олеснување.
Економистите од Меѓународнот монетарен фонд неодамна ја анализираа реакцијата на 21 економии со нововозникнати пазари споредувајќи ја со 125 ситуации во кредитно-паричната политика на САД од 2000 до 2014 година. Тие заклучиле дека промените од УФР во текот на периодот на „нетрадиционална политика“ - квантитативното олеснување и нула камати - изгледа влијаеле врз протокот на капитал и котирањата на акциите на нововозникнатите пазари во поголема мера отколку за време на „традиционалната парична политика пред кризата, кога колебањата на ставките над нултната линија беа главниот механизам за парично-кредитната политика. Тоа што последиците се поголеми во периодни на нетрадиционална политика, потенцира дека вредноста на каматните ставки (сега) оди кон нулата“, напишаа авторите на „Новите рува на банкарите“.
Освен тоа, покачувањето на каматите крие опасност од пад на обемот на странските инвестиции, кои во последниве години се насочуваат кон нововозникнати пазарни економии. Тоа ќе биде вистински потрес за економиите кои ќе се влошат уште повеќе заради падот на глобалната побарувачка на суровини (главната причина тука е ослабувањето на економијата на Кина). На пример: бразилската економија, која силно зависи од извозот, оваа година најверотакно ќе опадне, а курсот на бразилскиот реал спрема доларот падна до рекордно ниско ниво. Главниот индекс на фондовиот пазар во Бразилија се намали за една четвртина, откако пред шест години беше објавено дека во земјата ќе се одржат Олимписките игри во 2016 година. Овие економски проблеми, но исто така и обвиненијата за корупција, и наштетуваат на претседателот Дилма Русеф. Неодамна направеното истражување на јавното мислење откри дека 71 проценти од жителите на Бразилија нејзиното управување го оценуваат како „лошо“ или „многу лошо“.
Прогнозирањето кога ќе се покачат каматите не потсетува дека мерките на централната банка на САД и методите на извршување на тие мерки, многу силно влијаат во глобални рамки. Како што неодамна рече Јелин, „УФР не треба да реагира на подемите и падовите на пазарите“. И во право е. Но може ли американската економија навистина да успева, ако останатиот свет не се справува добро?
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет