Економијата на САД лани порасна за 5,7 отсто, највисоко ниво од 1984 година
Во 2021 година, американската економија забележа најголем раст на бруто домашниот производ (БДП) во изминатите речиси 40 години, брзо закрепнувајќи од кратката, но разорна рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
БДП на САД минатата година порасна за 5,7 отсто, што е најголем пораст од 1984 година, кога вкупното производство на стоки и услуги порасна за 7,2 отсто. Американската економија во последниот квартал од 2021 година оствари неочекувано брз раст од 6,9 отсто, соопшти Министерството за трговија. Економијата на САД се очекува да забави оваа година, поради зголемената инфлација и континуираното ширење на коронавирусот.
Многу економисти ги намалија своите прогнози за првиот квартал од 2022 година поради брзото ширење на сојот Омикрон. Меѓународниот монетарен фонд објави дека БДП на САД ќе порасне за четири проценти во 2022 година.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка