Економската состојба во преработувачката индустрија во октомври поповолна
Економската состојба на компаниите во преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на септември и во однос на октомври лани, а се очекува и зголемување на бројот на вработени во овој сектор.
Државниот завод за статистика денеска објави дека поповолна е состојбата со обезбеденоста на производството со порачки во октомври во однос на септември, а поповолни се и очекувањата за обемот на производство во следните три месеци. Зголемени се и залихите на готовите производи во однос на септември.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври изнесува 66,1 процент од од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат недостигот на квалификувана работна сила, недоволната странска и домашна побарувачкаи неизвесното економско опкружување.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип