Економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља, застрелан во Чаир
Ваљон Беља од ДУИ вечерва е ранет во вооружен напад во скопската населба Чаир. Во него е пукано со два куршуми, по што е однесен во болница. Напаѓачите не се познати, објави Телма.
Беља пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.
Беља прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација Реалитети, а подоцна и како лидер на партијата Албански Сојуз во 2010 година кога за регионални медиуми тој порачува дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон. Подоцна оваа партија се спојува со ДПА на Мендух Тачи каде Беља ја добива потпретседателската функција.
Но, по преминувањето во ДУИ на Ахмети, Беља станува познат по заканите кон екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити на кого во јуни 2016-та, според информации објавени од медиумите, му испраќа куршум завиткан во салфетка како закана за остварување на неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд. Подоцна тој беше приведен од полицијата во врска со овој настан, но епилогот од истрагата е непознат.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени