Економско-социјалниот совет на Ресен донесе акциски план за работа
Локалниот економско-социјален совет на општина Ресен на последната седница го донесе акцискиот план за текот на работата, со што е создадена основа за спроведување платформи за креирање локални политики за подобар економски развој во Ресен.
Членовите на Советот, како што информира претседателот Гоце Соколевски, покрај донесениот акциски план, разговарале и за тековни проекти, кои се во врска со делокругот на работа на ЛЕСС пред се во делот на креирање на локални политики за подобрување на економската состојба, развој, можности за отворање работни места и слично.
- Со донесувањето на акциониот план за работа на ЛЕСС за општина Ресен создадовме основа за оперативно работање на ова советодавно тело, кое покрај советодавната функција ќе има можност да спроведува и платформи на вмрежување на поголем број засегнати субјекти, организации и институции со цел создавање подобри услови за економски развој на нашата заедница, изјави Соколевски.
Присутните, според него, биле запознаени и со проектот Градење одржливи граѓански организации преку соработка и стратешко управување со лобирање и зголемена партиципативност во политиките и донесувањето на одлуки спроведуван од страна на Агро-Синдикат , Македонско научно друштво-Битола и Гаус Институтот.
ЛЕСС во Ресен е формиран лани преку проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ финасисран од ЕУ, а имплементиран од Меѓународната организација на трудот. Во него членуваат претставници од Општина Ресен, Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на независни синдикати, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни