Eксклузивно видео од ограбената златара во Прилеп

Буквално како во криминален филм, така се одвивал грабежот на една златара во старата прилепска чаршија кој се случил вчера околу 8.40 часот. Три непознати лица со пиштоли упаднале во златарата, каде во тој момент била само сопственичката и со закани по нејзиниот живот побарале да им го предаде целото злато. Арамиите со чекани или други тврди предмети ги искршиле стаклата од влезната врата и од внатрешните витрини каде се изложувало златото.
Од СВР Битола велат дека криминалците успеале да одземат злато, а притоа на сопственичката на златара и нанеле и телесни повреди. По грабежот се упатиле во непознат правец. Се превземале мерки за расчистување на настанот и нивно пронаоѓање.
Во шок и неверување сопствениците на златарата вчера не сакаа да дадат изјава.
Според дел од изјавите на дуќанџиите арамите не носеле маски или качулки на главата и им се гледале лицата. Додека двајца од ограбувачите биле во златарата третиот стоел надвор од дуќанот чувајќи стража и се заканувал со пиштолот на минувачите и дуќанџиите.
Ова е втор поголем грабеж во Прилеп за само 10-тина дена. На 13-ти овој месец 35 годишен прилепчанец со безбол палка упадна во подружница на „Македонски пошти“ при што кршејќи го шалтерот и заканувајќи се по живот на вработениот одзеде 500 евра. Истиот за брзо време беше откриен и му е одредена мерка притвор од 30 дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
