Македонија
5. August 2024 - 21:16

Експерти: Дали ќе има политичка одговорност за собранискиот спикер треба да се одлучува дополнително

Дали ќе има политичка одговорност за собранискиот спикер Африм Гаши кој лично даде насоки на обезбедување да го реши инцидентот со Вјоса Османи  е прашање за кое треба да се отвори дебата во владата и во собранието , вели поранешниот амбасадор Васко Наумовски. Според него допрва треба да се утврдува дали станува збор за почетничка грешка или јасно преклопување на надлешностите.

Експертската јавност реагира дека одговорноста треба да се бара на сите нивоа, односно од моментот на  давањето на наредбата за интервенција на собранискиот спикер Гаши. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, не ја исклучува можноста доколку се побара одговорност и од Гаши кој лично дал наредба до обезбедувањето да интевенира, тоа да се одрази и на односите во владината коалиција.

Официјална Приштина повикувајќи се на член 27 од Виенската конвенција за дипломатски односи обвини дека Османи имала несоодветен и незаконски третман од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Иако конвенцијата се однесува на заштита на дипломатските пратки, што тоа не е случај и овде, однсно косовските институции различно ја толкуваат, коментираа и експертите по безбедност. Во сите други случаи не потстои имунитет кој ги штити патниците па дури и вип личностите и политичарите од ваквата постапка.