Македонија
13. August 2024 - 21:16

Eксперти: На патот до соживот, потребна е интеграција а не монополизација

Само со целосен соживот Македонија ќе може добро да функционира , но тоа да не биде преку монополизација , па дури и на Охридскиот договор, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Ваквите реакции доаѓаат откако лидерот на интегративците Ахмети на одвоена прослава одбележуваше 23 години од потпишувањето на Рамковен договор , но и порача дека без Албанците Македонците ќе ги снема. 

Но дали ваквите пораки значат и дел од планот за дестабилизација според експертската јавност се уште е неизвесно. Сепак прогнозираат дека ДУИ ќе се обиде до локалните избори преку протести да обезбеди поголем број приврзаници.

Алармот за дестабилизација го вклучи премиерот Мицкоски кој јасно кажа дека има информации дека интегративците имаат ваков план кој треба да се реализира наесен.