Експертите проценуваат раст на цената на струјата
Цената на електричната енергија на берзите постојано расте, поради големите горештини и се поистакнатата неизвесност во снабдувањето со гас. Токму од тие причини натамошниот развој на ситуацијата е непредвидлив, а наесен може да има ново поскапување, изјави Штефан Цах, портпарол на австрискиот енергетски концерн ЕВН.
Цах истакна дека поскапувањето на струјата на енергетскиот пазар достигна историски димензии.
Експертите очекуваа дека во текот на летото може да дојде до пад на цената.
Високите температури во Европа се одразуваат и врз водостојот на реките, што има индиректни последици за производството на електрична енергија, а индиректно го отежнува и транспортот на јаглен. Исто така, поради топлото време отежнато е и разладувањето на капацитетите за производство на електрична енергија.
Во Австрија поради нискиот водостој на реките опаѓа производството на струја во хидроцентралите. Компанијата „Фербунд“ соопшти дека поради нискиот водостој производството на електрична енергија во хидроцентралите во моментов е под просекот, но се уште во рамки на долгорочните осцилации
Ново на Сител
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
-

Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина
