Македонија
7. August 2024 - 16:37

Експертите сметаат дека ветингот е само „пр“ алатка на политичарите

Несериозни се предлозите за ветинг од политичарите  и не треба да им се посветува многу внимание сметаат од Коалицијата за правично судење. Доколку биле искрени во намерите до сега ќе имало конкретен план, предлог и законско решение. Од коалицијата велат повикувањето на странски експерти е уште понесериозно бидејќи имало примери и кога биле вклучени оценски мисии па држата ништо од тоа не применила. Потсетуваат на случајот со судскиот совет кога ниту една забелешка и препорака не беше имплементирана од владејачките структури.

Доколку ДУИ навистина се за ветинг имаат парламентарна група и можат да го покажат тоа на дело сметаат експертите. Оценуваат дека се работи за ПР стратегија на интегративците бидејќи како партија која беше на власт ниту еднаш не се дистанцирале од функционери кои биле вмешани во корупција.

ВМРО ДПМНЕ смета дека со повикот за меѓународен ветинг Ахмети мисли дека ќе се заштити себеси од одговорност. Од власта порачаа дека сите кои сториле криминал ќе се соочат со правдата.

ДУИ преку соопштение побара доколку власта има храброст да повика меѓународни монитори веднаш и да се спроведе сеопфатен ветинг на сите јавни функционери во последните 30 години. Според нив ова ќе биде клучен чекор за зголемување на транспрентноста и враќање на довербата кај граѓаните.