-->
-->
Експлодира камион-цистерна во Нигерија, 23 загинати меѓу кои и деца
-->
Дваесет и три лица, вклучително и деца, загинаа кога камион цистерна со нафта се преврте и експлодира во близина на автобуска станица во централна Нигерија, соопштија денеска службите за итни случаи.
Меѓу жртвите има и вработени и студенти на државниот политехнички универзитет во централниот град Локоџи, лоциран во близина на местото на несреќата, соопшти федералната агенција за безбедност на патиштата.
Загинаа и петчлено семејство и деца на училишна возраст.
Засега не е позната причината за несреќата. Пожарот по експлозијата зафати уште девет возила.
Во јуни 2018 година, 11 лица загинаа, а 54 возила се запалија кога се преврте цистерна со нафта во Лагос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива