Македонија
16. October 2016 - 16:48

Експлодираше бомба во Домот на иселеници во Мала Речица

Експлозија ноќеска ги вознемири жителите на тетовска Мала Речица. Како што соопшти МВР, детонацијата се случила 10 минути пред полноќ во куќа сопственост на 66 годишен жител кој се наоѓа на привремена работа во Италија. Според полициските информации непознат сторител насилно ја отворил помошната врата на приземјето од куќата, влегол внатре и во дневната соба поставил експлозивна направа со спорогоречки фитил, го запалил по што го напуштил местото на настанот. Од детонацијата целосно била оштетена внатрешноста на приземјето, дрвените прозори, фасадата. Од исфрлените парчиња искрешен е прозор на соседната куќа сопственост на 57 годишен жител, кој во моментот на експлозијата со своето семејство бил во домот. 
 
Инаку ова е втор обид за поставување и активирање на експлозивна направа во куќата лоцирана на улицата "146" во Мала Речица. На први овој месец телефонски во Полициската станица Тетово била пријавена кражба во куќата, а кога полициските службеници излегле на местото на настанот на влезната врата забележале експлозивна направа..