Експлозии во Киев, затворен воздушен простор над аеродром во Москва
Експлозии беа регострирани денеска во украинскиот главен град Киев, откако беше прогласена воздушна тревога низ целата земја, додека воздушниот простор над московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен и сите летови беа прекинати поради можни дронови во областа.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа. Градските власти соопштија дека противвоздушната одбрана работи и воздухопловните сили региострирале руски суперсонични ракетни напади во областа Киев.
- Експлозии во градот. Останете во засолништата!, напиша Кличко на Телеграм. Според него, делови од соборена ракета паднале во просторот на детската болница во градот, но дека нема повредени и нема причинета штета.
Јавниот сервис Суспилна објави дека имало експлозии во регионите Виниција и Хмелницки во централниот и западниот дел на земјата.
Полетувањата и слетувањата на аеродромот во Москва се прекинати поради можни беспилотни летала, јавија руските емдиуми. Од причини кои се надвор од контрола на аеродромот, на Внуково се воведени привремени ограничувања за слетување и полетување на авиони, соопштија од аеродромот. Од безбедносни причини, некои летови беа пренасочени кон други аеродроми во московскиот регион.
Ново на Сител
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“