-->
-->
Експлозии во складиште за оружје во Турција, 17 лица се повредени
-->
Најмалку 17 лица се повредени во две експлозии во складиште за оружје во југоисточниот дел на Турција.
Двете експлозии одекнале доцна синоќа во складиштето на Командата на механизираната бригада во провинцијата Санлиурфа, на границата со Сирија. Во нив повредени биле 16 војници и еден цивил, кој се наоѓал на терасата од својата куќа во близина на складиштето.
Гувернерот на провинцијата Абдулах Ерин изјави дека по експлозијата избил пожар, што екипите набрзо го ставиле под контрола.
Ерин наведе дека е отворена истрага која треба да ја утврди причината за несреќата, додавајќи дека засега во оптек е варијантата дека станало збор за „техничка грешка“.а
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива