Експлозија среде Белград: Експлодираше автомобил во движење, тројца повредени

На Вождовац, на аголот од улицата Јован Бјелиќ и Запљанска, утрово околу 10.30 часот експлодираше автомобил бомба во движење. Тешко е повреден возачот на автомобилот Иван Ќ. (38), од претходно познат на полицијата како нарко - дилер, и уште двајца минувачки.
Според првичните неофицијални информации, експлодираше „Ситроен Ц4), а покрај тешко повредениот возач на автомобилот, полесно се повредени и уште двајца луѓе - жена од 55 и маж од 36 години од другиот автомобил. Сите тројца итно се префрлени во Ургентниот центар.
Во експлозијата е тешко оштетено и црвено пежо кое во моментот се разминувало со цитроенот. Пежото толку било изрешетано со гелери што е вистинска среќа што минувачите поминале со полесни повреди.
Исто така, според првите и непотврдени информации, автомобилот е разнесен со подметната бомба на далечинско активирање, а мета бил машот Иван Ќ. (38), по претходно познат на полицијата, кој и претходно два пати бил мета - првпат во пукање во 2004 и втор пат пред година - две исто така со автомобил бомба,
Инаку тој живее недалеку од местото на експлозијата..
Експлозијата се случила во населбата Брќа Јерковиќ, во близина на училиштето и градинката и вистинска среќа е што нема повредени деца.
Итната помош веднаш пристигнала на местото. Увидот е во тек.
И форензичарите заедно со полициајта се излезени на терен.
На видео снимката се гледа како помлад маж, облечен во црна јакна, патики и фармерки, лежи на тротоарот, дваесетина метри од автомобилот во пламен.
Погледнете го моментот на експлозијата:
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија







