Експлозија во центарот на Истанбул, најмалку 10 загинати
Силна експлозија одекна претпладнево на централниот истанбулски плоштад „Султанахмед“, кој е едно од главните туристички атракции на најголемиот град во Турција.
Според агенцијата Анадолија, при експлозијата загинале најмалку 10 лица, а околу 15 се ранети, меѓу кои некои се и во критична состојба.
Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк пренесе изјави на очевидци на настанот, кои тврдат дека слушнале „гласна експлозија“.
На местото на настанот пристигнаа поголем број полициски, амбулантни и противпожарни возила, а полицијата го блокира целиот реон околу плоштадот.
Причините за експлозијата засега не се познати. Според непотврдени информации, нападот го извршил бомбаш-самоубиец.
Медиумите пренесуваат и различни информации за точната локација на експлозијата. Според едни, таа се случила на самиот плоштад, а според други, кај еден од влезовите на џамијата „Султан Ахмед“.
Околу плоштадот „Султанахмед“ во Истанбул, покрај џамијата „Султан Ахмед“, уште позната и како „Сина цамија“, се наоѓа и храмот „Света (Аја) Софија“, а во негова близина е и главната истанбулска Судска палата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години