Свет
21. August 2017 - 21:24

Експлозија во центарот на Кабул

Експлозија одекна во дипломатскиот кварт на Кабул, при што се активираа аларми и сирени во неколку амбасади. 

Експлозијата се случи неколку часови пред планираниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп, кога тој ќе зборува за новите стратегии на САД за Авганистан.