Свет
13. April 2017 - 21:23

Експлозијата се слушна до Русија: Американците ја фрлија најмоќната бомба во Авганистан

Американската армија при напад врз комплекс на групата Исламска држава (ИД) во Авганистан денеска првпат ја употреби најмоќната бомба во својот арсенал, соопшти Министерството за одбрана на САД. 

Во соопштенито се посочува дека бомбата ГБУ-43/Б била фрлена од авион од типот МЦ-130 врз комплекс од тунели на џихадистите во реонот Ачин во авганистанската провинција Нангархар.

Нападот бил извршен во 19:32 часот по локално време (16:32 часот по средноевропско време).

Портпаролот на Пентагон, Адам Стамп информираше дека ова е првпат Армијата на САД при напад да ја употреби овој тип бомба, која во американскиот воен жаргон е позната како „Мајка на сите бомби“ (МОАБ).

Бомбата имам моќност еднаква на 11 тони тротил.