Свет
8. December 2015 - 8:54

Експлозијата во центарот на Москва најверојатно предизвикана од петарди

Московската полиција соопшти синоќа дека прелиминарните резултати од истрагата укажуваат на можноста дека експлозијата во центарот на руската престолнина, во која три лица се повредени, ја предизвикале рачно изработени петарди.

Портпаролот на московската полиција Андреј Галијакберов изјави дека е можно петардите да се фрлени од автомобил во движење или од прозорец на висококатница.

Експлозијата одекна на автобуска станица околу 19 часот по локално време и тој случај во моментот се третира како хулиганство.

Според руски медиуми, две жени се префрлени во болница, додека третата се здобила со полесни повреди. Ниту една жена не е во животна опасност.