Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од 4-ти до 15 јуни

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар попладнево ги соопштија датумите за екстерните испити од полагањето државна матура во јунскиот рок за учебната 2015/2016 година.
Мајчин јазик и литература матурантите ќе полагаат на 4 јуни, математика на 9 јуни, странски јазик на 13 јуни, а испитите по физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика ќе бидат на 15 јуни 2016. Полагањето на сите испити ќе почнува во 10 часот.
МОН информира дека динамиката на реализирањето на екстерните испити во јунскиот ипитен рок е согласно со Концепцијата за државна матура и завршен испит.
Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
