Екстремниот студ го нарушува нормалниот живот во северозападна Европа
Екстремното студено време пропратено со бурни ветрови и снег остави без струја илјадници жители на нордискиот регион и го прекина автомобилскиот и железничкиот сообраќај.
Обилните дождови во Германија, Франција и Холандија повторно предизвикаа поплави во регионите како и во изминатите две недели.
Ниските температури и снегот низ нордискиот регион оставија многу патници заглавени во своите автомобили со часови на затворените делови од автопатиштата и некои главни патишта.
Околу 4.000 домови останаа без струја во арктичката Шведска, каде температурите паднаа на минус 38 степени Целзиусови.
Во соседна Данска, полицијата ги советува граѓаните да не излегуваат на пат освен ако е апсолутно неопходно, поради ветерот и снегот во северните и западните делови на земјата.
Во финска Лапонија, општината Енонтекио, во близина на границата со Норвешка и Шведска, во четвртокот ја забележа најниската температура во земјата оваа зима од минус 42,5 степени Целзиусови.
Метеоролозите најавуваат уште пониски температури во останатите денови од неделата.
Во Германија обилните врнежи продолжија да паѓаат во регионите кои се борат со поплавите во последните две недели. Германскиот канцелар Олаф Шолц планира денеска по вторпат за една недела да ја посети фабриката за полнење вреќи со песок во источниот град Сангерхаузен.
По неколкудневни дождови и надојдена вода, денеска беа поплавени повеќе градови на северот на Франција. Во текот на изминатите неколку дена, стотици жители беа евакуирани од нив.
Областа исто така беше погодена од поплави во ноември и декември, а некои градови сè уште не се опоравени. Министрите денеска ќе ги посетат тие области.
Владата во Холандија, која исто така се соочи со екстремно високи нивоа на вода во реките и езерата, објави дека ќе испрати пумпи во Франција за да и помогне да се справи со широко распространетите поплави.
„Важно е меѓусебно да си помагаме да се ослободиме од водата што е можно побрзо“, рече министерот за инфраструктура и вода Марк Харберс.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот