-->
-->
Еквадор: Пронајдена полу-подморница со еден тон кокаин
-->

Еквадорските власти во близина на островот Галапагос открија полу-подморница, на која имало еден тон кокаин, соопшти денеска еквадорската крајбрежна стража.
Операцијата за запленување на дрогата е извршена во соработка со полициските сили на Еквадор и Колумбија, изјави еквадорскиот заменик министер за внатрешни работи Дијего Фуентес, prenesuva Танјуг.
Полу-подморницата е престретната во близина на островот Хеновес, во северниот дел на архипелагот Галапагос, на околу 1.000 километри од еквадорскиот брег.
Во операцијата се уaпсени три лица.
Еквадорските власти кон почеткот на мај соопштија дека од почетокот на годината заплениле околу 26 тони дроgа, главно кокаин, кај најчесто бил наменет за странски пазар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
