Електрана на полуостровот Крим цел на напад со дрон, нема жртви
Властите на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, денеска соопштија дека електраната Балаклава во текот на ноќта била цел на беспилотно летало и дека нема жртви или поголема материјална штета.
„Синоќа беспилотно летало удри во термоцентралата Балаклава“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развојајев.Според него, нема жртви, а причинета е минимална штета.
Развојајев рече дека нема проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Тој додаде дека „инцидентот не влијае на понатамошното снабдување со електрична енергија на Севастопол и на полуостровот“.
Трансформаторот на централата што се запали „беше претходно на поправка и не работи“, рече гувернерот, додавајќи дека „работниците на централата брзо го локализираа пожарот“.
Изјавата на гувернерот доаѓа во време кога Украина ја продолжува контраофанзивата на југот на земјата. Руските сили во последните недели ги засилија нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат