Електронската здравствена картичка ќе се надградува
Наскоро ќе се реши проблемот со печатење на нови електронски здарвствени картички, најави директорот на Фондот за здарвствено осигурување, Сашо Стефановски при денешната посета на Штип.
- Договорот што Министерството за здравство го има склучено со претходната компанија е истечен. Бараме заеднички начин брзо да го надминеме овој проблем и за многу скоро, можеби недели се во прашање, постапката за издавање на електронската здарвствена картичка ќе си оди редовно, изјави Стефановски.
Како институција, нагласи, планираме електронската здарвствена картичка дополнително да ја зајакнеме во системот, затоа што сметаме дека она што треба да го понудиме на нашите осигуреници се електронска и здарвстена услуга.
Истакна дека во моментов активни се над 1,8 милиони електронски здарвствени картички.
Директорите на ФЗОМ, Стефановски и Орхан Рамадани денеска во Штип остварија средба и со лекарите од приватните здравствени ординации и ги посетија просториите на регионалната канцеларија на ФЗОМ за општините Штип и Карбинци.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово