ЕЛЕМ: Немаме добиено известување од Антикорупциската комисија дека е донесен заклучок во врска со Стојчевски

По повод одредени медиумски написи, АД ЕЛЕМ информира дека нема добиено известување од Антикорупциската комисија дека е донесен заклучок во врска со случајот на вработување на работникот Виктор Стојчевски. Додека таков заклучок не произлезе, компанијата не може да одговори на прашања за пропусти, без да биде утврден пропуст.
Документацијата што АД ЕЛЕМ ја достави до Комисијата покажува дека наведениот кандидат ги исполнувал условите предвидени во конкурсот (скениран документ во прилог).
За местото инженер за нови технологии-приправник се бара високо образование, седми степен, од техничките факултети, за кое приправничко место работен стаж не се побарува.
Огласот е објавен во дневните весници Вечер и Коха. Пријавени биле тројца кандидати.
Исто така, проценето е и дека ангажирањето на млад кадар кој неодамна завршил со своето високо образование е најдобро решение со оглед на тоа што 70% од вработените во компанијата се над 50 -годишна возраст, така што една од обврските на секој менаџмент е да обезбедува одржлив кадровски развој. Другите двајца кандидати имале работно искуство од 10 и 20 години, што во конкретниот случај не соодветствувало на определбата на ЕЛЕМ да инвестира во млад кадар, кој ќе биле обучуван според стандардите и потребите на компанијата.
Ранг-листа како документ не е предвидена според Законот за работни односи, затоа, заради информирање на јавноста, овде описно е изнесено како е извршен изборот.
Исто така, информираме дека не бил вршен никаков притисок по однос на конкурсот за ова работно место.
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
