ЕЛЕМ планира нова модернизација на РЕК Битола

АД ЕЛЕМ планира нова модернизација на најголемиот енергетски капацитет во земјава РЕК Битола и рестартирање на производството во ТЕЦ Осломеј.
- Планирана е модернизација на Блок 1 во РЕК Битола. Претходните зафати за модернизација што беа направени во 2012/13 година на блоковите 2 и 3 практично ги намалија нивните производствени капацитети. Во моментов правиме анализа која е причината за тоа и како се случило наместо блоковите по интервенцијата да бидат помоќни, тие да ослабнат, вели за МИА генералниот директор и претседател на УО на АД ЕЛЕМ Драган Миновски.
Тој потенцира дека е во план ТЕЦ Осломеј одново да почне да работи кон средината или најдоцна до крајот на месецов.
- Во ТЕЦ Осломеј во тек се подготвителни активности за рестартирање на комбинатот и се прават напори да се ископа потребниот јаглен, посочува Миновски.
За ТЕЦ Неготино прецизира дека е во сопственост на државата, а АД ЕЛЕМ плаќа само годишен надоместок што го држи како ладна резерва.
- Според нашите сознанија, планирани се дополнителни инвестиции за модернизација на термоцентралата во следниот период и за нејзино рестартирање. Владата размислува да го модернизира и да го претвори ТЕЦ Неготино во когеративна електрана, односно да произведува електрична и топлинска енергија што ќе се користи за загревање на оранжерии, појаснува Миновски и додава дека се предвидува ТЕЦ Неготино да работи на природен гас.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
