-->
-->
Елена Ристеска шокирана по смртта на Влатко: Вчера ми пиша да го снимиме дуетот, а денес веќе го нема
-->
Откако денеска се простија многу естрадни колеги од прерано починатиот Влатко Илиевски, со свој статус се емотивно се збогува и Елена Ристеска, во продолжение ви го пренесуваме во целост.
-Слушам и неможам да верувам, читам и шокирана сум до бескрај… Што да напишам? Што да кажам? Боли кога ќе згасне млад живот, посебно уметничка душа обожавана од сите и од колегите. Знаевме да се скараме, знаеше да се нашали, не бевме најблиски ама се почитувавме. Не ми се верува дека вчера околу ручек ми пиша да направиме дует за “Усни како темно мастило” што требаше да го направиме одамна, а денес веќе го нема! На следната слика ја ставив пораката. Некогаш не разбирам зошто Бог ги зема ваквите луѓе, но верувам дека сега таму кадешто е, посреќен е… Почивај во мир, поздрави го Тоше и татко ми, еден ден таму некаде ќе си пееме и ќе си го испееме и дуетот, стои во статусот на пејачката Елена Ристеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?