-->
-->
Елези: Има доволно крв од сите крвни групи низ болниците и клиниките
-->
Имаме доволно крв за сите крвни групи за потребите на сите болници и клиники во земјава, вели во изјава за МИА директорот на Центарот за Трансфузиона медицина, Амир Елези.
Прашан дека на социјалните мрежи се споделува за потреба на дарување на крв за пациенти кои се сместени на Клиниките во Скопје, Елези е дециден во одговорот дека крв има од сите крвни групи.
- Се што се споделува е само некоја пропаганда, што не знаеме каква е позадината, а и не знам зошто се шири таква паника, затоа што имаме доволни количини, а плус тие кои што се тешко болни се лечат надвор од државата, вели Елези.
Посочува дека во моментов нема потреба да се оди групно да се дарува крв, бидејќи застарува и треба да се фрли.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кочани тагува
-
Повредените во стабилна состојба
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани