Елтон Џон: Сакам да разговарам со Путин за правата на хомосексуалците

Британската музичка ѕвезда, Елтон Џон изјави дека сака состанок со рускиот претседател Владимир Путин и да разговара за правата на хомосексуалците.
Тој истакна дека ставот на Путин кон хомосексуалците е „смешен“ и дека поради тоа тие се излолирани во руското општество.
Русија во 2013 година донесе закон кој е против поединците кои ја промовираат хомосексуалноста во близина на малолетници.
- Многу тешко е да се дојде до средба со Путин. Можеби тој ќе ми се смее позади грб кога ќе ја затвори вратата зад мене и ќе ме нарече целосен идиот. Но барем ќе можам да кажам дека бев доволно совесен да пробам да разговарам со него, рече Џон.
Тој остро ги осуди некои изјави на Путин, особено онаа дека „хомосексуалците се насочени кон децата“.
- Па дајте, Вие сте господине Путин претседател на Русија и изјавувате такви глупави работи, додаде Џон.
Британскиот пејач неодамна се состана со украинскиот претседател Петар Порошенко и повика неговата земја да ги поддржи хомосексуалците и да им ги овозможи сите права кои ги уживаат другите луѓе
Ново на Сител
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
